Груби: Заев треба да ја прави реконструкцијата на владата и да остане на неодредено време

од Nikola Popovski

Актуелниот премиер треба да ја прави реконструкцијата на владата. Очекувам тоа да биде брзо. Сметам дека во текот на викендот и понеделник да се заокружат преговорите и да имаме стабилно парламентарно мнозинство, кое ќе го изгласа Буџетот и ќе почне со работа, вели првиот вицепремиер Артан Груби во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој потенцира дека станува збор за реконструкција, а не нова влада.

-Не би ги поврзал реконструкцијата на владата со изборот на СДСМ за нов лидер. Ќе ги почитуваме одлуките на членството на СДСМ. Заев треба да продолжи уште да биде на чело на владата, на неодредено време. Верувам дека и тој ги има истите ставови, смета Груби.

Слични содржини