Груби: Засега испланирани 1,2 милиони вакцини, државата има пари за истите

Во рамки на своето гостување во Тв21, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби ги потенцираше владините напори во процесот на набавка на вакцините.

Како што посочува, тој во денешниот разговор со министерот за здравство, Венко Филипче го известил дека на почетокот на месец април се очекува пристигнување на 800.000 дози вакцини преку Ковакс механизмот, како и 200.000 дози од кинеските вакцини.

„Со Фајзер сме во постојана комуникација, во процедура сме и со Спутник, има директни контакти, правиме напори да ги обезбедиме што поскоро вакцините. Комуникацијата оди преку Филипче и премиерот Зоран Заев. Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има“, истакна Груби.

Првиот вицепремиер, исто така, ја коментираше и изјавата на Пендаровски во врска со тоа дека од компанијата Фајзер им кажале дека деловната политика на оваа компанија е да не се даваат вакцини на земји со помалку од 2 милиони жители. За ова Груби кажа дека и Заев и Филипче се во постојана комуникација со компанијата Фајзер.

 

Слични содржини