Груби: Заслужени се казните, јас платив и за Ахмети, а останатите секој сам си ја плати казната

Во своето гостување во Клик плус, првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби, осврнувајќи се на роденденската забава за партискиот лидер, Али Ахмети која крена прашина во јавноста, посочи дека санкциите кои ги добиле се заслужени и истите ги платиле.

„Јас ја платив казната од Али Ахмети, другите сите сами си платија“, рече Груби вечерва во гостувањето на Тв21.

Груби инаку за потсетување, платил две казни, една од 500 евра и друга од 20, како што рече од неговата плата.

Инаку, 10 минути пред да се фотографираат, во просторијата присутен бил и премиерот Зоран Заев.

Слични содржини