Груевски доби седум години затвор за „Плацеви на Водно“

од Берта Китинска

Поранешниот премиер Никола Груевски e осуден на казна затвор од 7 години, а неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков, доби една години и три месеци затвор за случајот „Плацеви на Водно“.

Кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски е условно осуден ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Ненад Јосифовиќ Судот го осуди на условна казна ако во рок од пет години не стори кривично дело, а обвинетиот бизнисмен Орце Камчев е осуден на една година затвор.

Слични содржини