Груевски е ВИП мигрант во Унгарија, опозицијата најавува парламентарна расправа за скандалот

од Vladimir Zorba

На зградата на унгарскиот Парламент денеска осамна плакат на кој пишува „ВИП мигрантот на Орбан“. Плакатот го поставија од опозициската Демократска коалиција кои најавија расправа во Парламентот за тој скандал.

-Претставниците на Демократска коалиција во парламентот ќе зборуваат за еден случај на илегална миграција во Унгарија, случајот со македонскиот премиер, соопштија од ДК.

Зелените кои се опозиција во Унгарија повикаа денеска на формирање парламентарна комисија за истрага за случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој побара политички азил во Унгарија, соопшти партијата.

Заменикот лидер на таа партија (ЛМП), Марта Деметри, на прес-конференција изјави дека случајот претставува „дипломатски и безбедносен ризик” за Унгарија и сериозно го оштетил имиџот на земјата.

-Неопходно е што е можно поскоро да се расчисти улогата на унгарските владини агенции во аферата, додаде таа.

ЛМП исто така поднесе кривична пријава поради поддршката за илегалната миграција.

Слични содржини