Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев, вели Бошкоски

од Vladimir Zorba

Во врска со објавениот разговор на Јутјуб, во кој се слуша како експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев разговара за своите коалициски партнери, претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со експремиерот Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се тие што му ја „расплакаа мајката на народот“, а не лидерот на СДСМ – Зоран Заев.

„Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев. Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали. Заев е човек со историска демократска големина во себе, затоа што иако на политичката оска сме различни, тој докажа дека правдата и македонскиот патриотизам се над политичката идеологија. Време за довршување на демократизацијата на земјата, за да може да имаме чиста, европска борба на идеи и идеологии“, вели Бошковски.

Слични содржини