Груевски ја смени професијата во Унгарија: Се занимава со консалтинг и продава порцелан

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер и сегашен азилант Никола Груевски, кој побегна во Унгарија среде судење за корупција и доби азил во есента 2018 година, во моментов се занимава со бизнис со керамика.

Груевски ја регистрирал компанијата, чиј е сопственик и директор на 15 јули. Таа се вика ИЦИЦ и седиштето е во Пецел, предградие на Будимпешта. Според информациите на Дојче веле на македонски јазик, кои имаа увид во изводот од Централниот регистар, компанијата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори. Главните активности на компанијата се деловно управување и деловен консалтинг, но и продажба на големо на порцелан, стаклени садови, средства за чистење, организација на конференции, итн, објави тамошниот портал 24.ху.

Регистрацијата на оваа фирма со очигледно широк бизнис модел го чинела Груевски 8 350 евра.

Екс премиерот не приложил лична адреса во Унгарија, туку ја искористил таа на неговиот адвокат во Будимпешта.

Како што претходно изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, Груевски бил ангажиран и како советник на премиерот Виктор Орбан за Западен Балкан.

Слични содржини