Груевски: Кратењето на основните приходи на граѓаните секогаш треба да е последна опција

од Vladimir Zorba

„Најавеното намалување на платите во администрацијата и нивно сведување на минимална плата е избрзано и премногу длабоко. Но, сѐ уште има време за корекции. Јас како министер или премиер менаџирав многу кризи во Македонија, но никогаш не дозволивме намалување на платите, пензиите, субвенциите за земјоделците и социјалните надоместоци. Спротивно, некогаш и растеа во години на криза ако претходно било ветено при што евентуално зголемувањето на платите било пролонгирано неколку месеци“, вели на својот Фејсбук профил бегалецот и експремиер Никола Груевски.

„Исто така не дозволивме нарушување на стабилноста на цените и девизниот курс. Ако некогаш се оцени дека неговиот режим треба да се менува, кризите не се баш најдобар период за тоа да почне, ако веќе може да се одбегне. Иако нема увид во состојбата на буџетот и информациите на централната банка кои ме се дел од објавените, мислам дека директното кратење на основните приходи на граѓаните или дел од нив, секогаш треба да е последна опција во една земја со низок животен стандард“, смета тој.

Слични содржини