Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, објави нови мерки од областа на автомобилизмот и заштита на животна средина и во детали говореше за карактеристиките на електричните автомобили.
Груевски за автомобилите:
– Постојат различни видови на електрични автомобили, а тенденцијата е зголемување на нивниот капацитет, односно капацитетот на батериите кои се главниот сегмент во автомобилот. Енергенсот кој што го употребуваат е електричната енергија, а полнењето се одвива преку специјализирани полначи кои генерално се со различен капацитет.
Груевски за полначите:
– Постојат брзи полначи кој целосно ја полнат батеријата на автомобилот за дваесетина минути и чинат околу 15 илјади евра и бавни полначи кои за целосно полнење на батеријата во зависност на моќноста на автомобилот ја полнат до крај до 4 часа и чинат околу илјада евра.
Груевски за штекерите:
– Постои и трет начин на полнење, а тоа е најбавно во обичен трофазен штекер со кој полнењето до крај е околу 8 часа, и најчесто се користи во сопствени гаражи или гаражни места. Многу од европските држави нудат различни пакети на поволности со кои се стимулира користењето на електричните возила. Нашата цел е следење на трендот електричните возила да станат наше секојдневие и во приватниот и во јавниот превоз. Наполнетата батерија, во зависност на капацитетот на возилото, може да вози без ново полнење од 300 до 400 километри.
Груевски за батериите (акумулаторите?):
– Секоја година овие перформанси се подобруваат. Имено, секоја година индустријата вади поевтини, а истовремено побрзи полначи, батерии кои подолго може да се користат и кои се се полесни. За оние кои не се доволно упатени да подвлечам дека полнењето не преставува големо трошење на струја и трошок. И уште нешто: оваа индустрија започна со производство на поскапи вакви автомобили, сега произведува и поевтини и помали, а на последната годишна конференција за електрични автомобили во Барселона, пред 10 тина дена, се констатира дека иднината е производство и на мали и евтини електрични автомобили, вклучувајќи и двоседи, додаде тој.