Груевски не дојде на седницата на која се расправа за одземање на неговиот

од desk2

Експремиерот Никола Груевски не се појави на седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието, каде што се расправа за одземање на неговиот пратенички мандат.

Груевски бил поканет заедно со членовите на Комисија, но, сепак, не се одѕва на поканата.

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски е врз основа на добиено известување од Основниот суд за пресудата од две години затворска казна поради случајот со „мерцедесот“.

За одземање на иминутетот на некогашниот премиер потребно е двотретинско мнозиство, а осумте опозициски кои претходно ги поддржаа уставните измени минатата недела се изјаснија дека нема да поддржат одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.

Поранешниот премиер беше прогласен за виновен и осуден, заедно со првообвинетиот во случајот „Тенк“ Ѓоко Поповски. Двајцата поднесоа жалба до Апелацискиот суд Скопје, кој како неоснована ја одби жалбата на Груевски, а делумно ја прифати таа на Поповски. Во предметот „Тенк“ осудена е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на шест години затвор./Makfaks

Слични содржини