Груевски: Не се спрема апсење на Заев и нема да дадам оставка …

од desk3

Не се планира апсење на лидерот на опозицијата Зоран Заев-изјави премиерот Никола Груевски по новинарско прашање како ја коментира изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит дека дел од европратеницте се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ.

gruevski_vo_ljubanci

– Не се спрема апсење на Заев, кусо одговори Груевски.

Груевски рече дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер заради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари.

На новинарските прашања поврзани со содржината на објавените аудоснимки, спрегата меѓу извршната и судската власт и одредени медиуми, како и упадот на странски служби во безбедносниот систем на Македонија, даде само куси одговори.

– На ова прашање одговорив на мојата прес конференција во средата, на која одговорив на сите прашања на новинарите, до последното, вклучително и на ова така што нема што да додадам.

loading...

Слични содржини