Премиерот, Никола Груевски, никогаш не уживал помала доверба кај граѓаните, покажува новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Од 2007 година популарноста на премиерот рекордно паднала изминативе месеци, па повеќе од половина граѓани, 55 отсто, сметаат дека не заслужува уште еден мандат и дека не работел доволно добро. Од друга страна 37 отсто сметаат обратно.

gruevski-lica

Споредбено, анкетата на ИРИ покажува дека незадоволството од Груевски е најголемо до сега, почнувајќи од 2007 година кога само 23 отсто од граѓаните рекле дека се незадоволни од работата на премиерот. Пред само една година, за време на последните парламентарни избори, ситуацијата била обратна и 44 отсто од испитаниците тој период одговориле дека премиерот заслужува втор мандат, а 38 отсто дека не заслужува.

11749520_10204497761068332_686091314_n

Највисока поддршка, и од тогаш неповторена, премиерот имал во 2008 година, со 66 отсто, а која паднала за двојно до сега.
Најголем процент од граѓаните сметаат дека е потребно премиерот да поднесе оставка за да се реши тековната политичка криза, односно 35 отсто. Нешто помалку, 30 отсто сметаат дека за да се реши кризата потребно е враќање на опозицијата во парламентот, а 27 отсто веруваат дека е пред се е потребна организација на транзиционата влада. Според 19 отсто окончувањето на кризата ќе зависи од оставките на владините министри.

11720501_10204497762268362_1231513580_n

43 отсто слушнале некои од прислушуваните телефонски разговори, а 37 отсто изјавиле дека слушнале поголем дел. Само 14 рекле дека не ги чуле, но дека слушнале нешто за нив.
На прашањето дали мислат дека се автентични, 65 отсто одговориле со „да“, а 15 отсто со „не“.

3

Аудио снимките влијаеле негативно на мислењето за Владата и за владините функционери кај 48 отсто од граѓаните, додека кај 10-11 отсто од испитаниците аудио снимките го подобриле мислењето.
Според 33 отсто од граѓаните, зад прислушувањето стои Управата за безбедност и контраразузнавање, а според 34 отсто странска тајна служба.

4

Повеќе од половина, односно 52 отсто, стравуваат дека не е безбедно да зборуваат преку телефон и дека нивните разговори се прислушуваат од трета страна.
Ова истражување на ИРИ е прво по кумановските инциденти каде дојде до престрелка меѓу полициските сили и вооружена група. Анкетата поставува прашања и за овие случувања, а поголемиот број од граѓаните сметаат дека зад инцидентите стои Владата.
49 проценти одговориле дека во Куманово вооружената група била ангажирана и платена од политички или владини лица за да предизвика дестабилизација на државата, а според 22 отсто групата постапувала самостојно со барања до македонската Влада.

5

На прашањето кој им платил на вооружените терористи за да ја дестабилизираат Македонија, најголем број или 34 отсто одговориле Владата, 30 отсто одговориле дека не знаат, а 8 отсто одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

6

Поголем број, односно 36 отсто сметаат дека полициската акција имала за цел да ја дефокусира јавноста од „бомбите“ на опозицијата кои беа објавувани тој период, а 34 отсто сметаат дека било неопходно да се преземе акцијата за да се превенира напад.

Се намалува бројот на граѓани кои веруваат дека Владата има ефективен план за економските проблеми, па 58 се сомневаат во владините економски стратегии, додека 33 отсто веруваат во нив. За споредба пред само една година резултатите биле обратни и поголем бил процентот на граѓани кои веруваат дека Владата успешно се справува со економските проблеми.
Во декември минатата година 42 отсто сметале Владата се труди да се справи со корупцијата, а 29 отсто сметале обратно. За неколку месеци има вкрстено разединување, и во јуни оваа година 43 отсто од граѓаните одговориле обратно, дека Владата не се труди да се справи со корупцијата.

Граѓаните се незадоволни од работата на парламентот. 56 отсто сметаат дека треба да биде поотворен кон јавноста, а 84 од испитаниците рекле дека не стапиле во никаков контакт со било кој пратеник изминативе 12 месеци.
Се забележува подготвеност на граѓаните да гласаат, па 49 отсто рекле дека сигурно ќе излезат на избори доколку се одржат денес, а 22 отсто рекле дека најверојатно ќе излезат.

Македонците се очевидно незадоволни од начинот на кој се управува со нивните пари. Дури 70 отсто сметаат дека немаат влијание како се користат буџетските средства. Исклученоста на граѓаните од јавните прашања се покажува и преку тоа што само 8 отсто одговориле дека прашале во државна или локална институција како се трошат парите од даночните обврзници, 51 отсто од граѓаните никогаш не се сетиле прашаат, а 37 отсто сакале да прашаат но никогаш не го направиле тоа. Од малите 8 проценти, 5 проценти рекле дека не се задоволни од одговорот што го добиле.

7

70 отсто сметаат дека граѓаните треба да имаат поголемо влијание како се трошат владините средства.

8

Според резултатите на ИРИ, од испитувањето на јавното мислење 61 отсто од граѓаните би ја опишале ситуацијата во Македонија како нестабилна и неизвесна, а процентот драстично пораснал во последните шест месеци.
Анкета е спроведена преку интевјуа лице в лице од 6 до 16 јуни 2015 година, на случаен примерок од 1.105 македонски граѓани постари од 18 години./А1ОН

Слични содржини