Груевски: Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер

Откако попладнево премиерот, Зоран Заев гостување во „Само интервју“, истакна дека не го користел хеликоптерот, како што тоа го правел Никола Груевски.

Оттаму, екс премиерот Груевски на својот фејсбук профил се огласи и посочи дека никогаш во животот не патувал со хеликоптер.

Инаку претходно, Заев во „Само интервју истакна“:

„Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше м’к (молк). Јас давам секогаш одговори. Никој не ме прашува дали сакам, можеби ми е страв. Трет или четврти пат го користам хеликоптерот за службени потреби“.

Слични содржини