Груевски: Ниту сум купувал, ниту продавал земјишта или станови

од Vladimir Zorba

Екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бегалец, Никола Груевски денеска повторно се огласи од Будимпешта, овој пат по повод започнување на нов процес против него. Се работи за случајот „Плацеви на Водно“, во кој експремиерот се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои е купувано земјиште на Водно.

Меѓу 6-те обвинети е и екс директорот на УБК Сашо Мијалков. Во противзаконски дејствија, според обвинението учествувале и Орце Камчев, неговата мајка, како и Ристо Новачевски кумот на екс премиерот Груевски.

Предметот е отворен во СЈО, за дејствија во период меѓу 2006-та и 2012-та.

„Уште еднаш повторувам дека ниту сум купувал, ниту продавал земјишта или станови. Ниту сум земал пари од партијата за тоа. Се е лага и валкана конструкција“, вели Груевски.

Слични содржини