Груевски се јави: Никогаш не сум избегал од соочување со правдата, одлучив времено да се засолнам од политичкиот прогон врз мене (фото)

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на својот Фејсбук профил реагираше по обраќањето на шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

„Никогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев на судските рочишта и за тие кои одблиску и непристрасно го следеа процесот покажав и докажав дека ме судат без вина во очигледен политички прогон со политички монтиран процес и дека судот, исто како и обвинителството, е ставен во политички цели и работи со политички мотиви и инструкции…“

Тој продолжува дека соочен со неправдата и пораките за линч кои ги добивал, одлучил да замине од земјата и времено да се засолни од налетот на политичкиот прогон.

Во својот статус ги спомнува и шведските судови:

„Истиот суд во Шведска потврди дека во Македонија не постојат услови за фер судење и дека овој случај е политички прогон. Шведска е земја членка на ЕУ. Истиот тој суд му препорача на еден од учесниците во настаните на 27 април да побара азил во Шведска заради политички прогон.

Досега три земји членки на ЕУ издадоа азил во политички монтирани судски случаи во Македонија. Тоа многу говори за правдата и начинот на недемократско и со терор владеење во Македонија“.

Изјава по повод денешното обраќање на РусковскаНикогаш не сум избегал од соочување со правдата. До последен ден одев…

Публикувахте от Nikola Gruevski в Сряда, 26 февруари 2020 г.

Слични содржини