Непостои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија се додека државата функционира по принцип на мафијашка држава каде власта контролирајќи го обвинителството и судот своите најважни преставници ги ослободува од гонење (освен оние со кои самата ќе одлучи да ги елиминира од сосема други побуди), а истите институции преку фабрикувани случаи ги користи за гонење на политичките неистомисленици и каде пресудите на судот ги носи и испорачува еден човек или неговата најблиска структура, посочи екс премиерот и бегалец од правдата Никола Груевски на својот фејсбук профил по денешната одлука на Врховниот суд.

„ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат ново донесени закони, но додека судиите функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има“,посочува Груевски.

Нема воопшто никакво изненадување во одлуката на врховниот суд да ја потврди пресудата за “Тенк”, кој е само дел од…

Публикувахте от Nikola Gruevski в Петък, 18 септември 2020 г.

Слични содржини