Утре почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече денеска премиерот Никола Груевски, пренесе МИА.

saso mijalkov , nikola gruevski, gordana jankulovska

Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели.

– Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони евра, истакна Груесвки.

Засега, додаде, работите одат во добра насока, субвенциите се исплаќаат веднаш штом ќе се собере целата документација и се потврдат сите законски постапки.

– Задоволен сум од исплатата на субвенциите, а ова е следната група која ќе добие исплата, потенцира премиерот Груевски.
Претходно денеска Министерството за финансии (МФ) соопшти дека доколку се укине издавањето на државни записи, се укинуваат механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот. Се доведува во прашање исплатата на платите, на пензиите, воопшто на сите редовни исплати кои се вршат од буџетот, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

pari-300x214
Според Министерството, ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции,….
Царината заплени 35 литри алкохолни пијалаци без бандероли во Охрид и Струга

Издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието на РМ, и со неговото попречување, нагласува МФ, се крши и законот.
– Секоја земја издава државни хартии од вредност. На тој начин месечно се пегла балансот односно приходите и расходите. На пример, акцизите и данокот на добивка се наплаќаат на 15 во месецот, а ДДВ на 25-ти. Законски пензиите и платите се исплаќаат до 15 во месецот. Државните записи имаат функција да обезбедат ликвидни средства во овој меѓупериод за да горенаведените и воопшто сите државни исплати и активности се вршат непречено, согласно планираното и договореното. Така отсекогаш функционирал буџетот и така функционира и кај сите земји, стои во соопштението на МФ.
Доколку се погледне календарот за одржување аукции за продажба на државни хартии од вредност на Министерството за финансии, се забележува, како што стои во соопштението, дека освен датите на идните аукции, има и дати на стари доспеани записи кои треба да се исплатат.
– Во контекст на аукцијата следната недела која предвидува продажба на државни записи во вредност од 100 милиони евра, истиот месец доспеваат за исплата стари записи во вредност од 5,2 милијарди денари или 84,6 милиони евра. Значи тоа не е ново задолжување, туку рефинансирање на веќе запишани хартии од вредност, објаснува Министерството за финансии.

Воедно од министерството за финансии не објаснуваат како се дошло до тоа во државниот буџет да нема пари и да мора граѓаните да се задолжуваат за да има пари за плати и пензии.
Од СДСМ пак велат дека нема да дозволат „чоколади“ за корупција и богатење на фамилијата.

sdsm-sediste-17997
“Три дена му требаа на Зоран Ставрески да смисли како да се правда пред граѓаните што заедно со Груевски постојано и постојано сака да ги задолжува граѓаните со нови долгови.

Наместо одговори за лошите политики, Зоран Ставрески сака повторно да манипулира со јавноста. Но, неуспешно.

Целосно неточно е дека со законското право на вето за најавеното ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар се загрозува исплатата на плати, пензии и социјални трансфери.

Единствени коишто ја загрозуваат исплатата на плати, пензии и социјална помош се расипничките политики на Никола Груевски и Зоран Ставрески.

Со издавањето на еврообврзницата, задолжување коешто СДСМ го преполови во интерес на граѓаните, обезбедени се средства за буџетот за потребите на граѓаните. Тоа е јасно.

Дури и самиот Зоран Ставрески на 24-ти ноември 2015 изјави дека со парите од еврообврзницата се обезбедени средства за извршување на обврските на Буџетот.

„Сите граѓани, сите стопанственици, сите оние кои добиваат средства од Буџетот, сите фирми што работат на реализација на проекти треба да знаат дека се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот на РМ и во 2016 година .“ рече тогаш Ставрески.

Поради ова, нема дилеми дека секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање на различни форми на изборна измама и корупција.

СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош. Но, исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомаќински политики на Груевски да бидат товар на идните генерации.

Втората манипулација којашто неуспешно се обидува да ја прави Ставрески е дека наводно закажаната аукција за 100 милиони евра била за враќање на стари долгови. Долговите коишто треба да се враќаат во периодот до наредната аукција се околу 60 милиони евра што значи дека околу 40 милиони евра сепак ќе останат како ново задолжување.

Последната неуспешна манипулација на Ставрески е дека ветото на СДСМ за планираното задолжување од 100 милиони евра се однесува за сите домашни аукции. Ниту тоа не е точно. Ветото се однесува на најавеното задолжување од 100 милиони евра што е принципиелен однос на СДСМ.

Согласно законот за Влада, исто како и за еврообврзницата, и аукциите на домашниот пазар мора да добијат согласност и од дополнителниот заменик министер.

СДСМ може да се согласи со Ставревски само со едно, дека со еврообврзницата се обезбедени средства за плати и пензии.

Но, СДСМ нема да го дозволи она што најмногу му недостасува на Ставрески, „чоколадите“ за корупција и богатење за фамилијата.”

Слични содржини