Груевски жали за одлуката на САД: Сорос беше мој противник

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер и моментално азилант во Будимпешта, Никола Груевски смета дека актуелната власт лобирала во американската администрација за денешната одлука да биде ставен на црната листа на САД.

Тој жали за одлуката на американскиот Стејт Департмент.

-Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев, напиша Груевски.

Според него, наводите кои се наведени се неточни информации.

-Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес, посочува Груевски.

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за седум лица од Западен Балкан, меѓу кои и поранешниот синдикален лидер на Србија и Црна Гора и поранешен висок функционер на Демократската партија на социјалистите Светозар Маровиќ, поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на македонското разузнавање Сашо Мијалков, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии.

-Луѓето кои се санкционирани денес претставуваат сериозна закана за регионалната стабилност, довербата во институциите и аспирациите на оние кои сакаат демократска и одговорна влада на Западен Балкан, рече Брајан Нелсон, потсекретар за финансии и задолжен за тероризам и финансиски разузнавачки податоци.

Слични содржини