Грујо на црвен тепих и журка со порно ѕвезда

од desk4

    Поранешниот премиер Никола Груевски се појави на фотографија на фејсбук, во друштво на поранешната порно ѕвезда и продуцент на порно филмови Роко Сифреди и згодна бринета, објави унгарската 24.ху.

Медиумот пишува дека Груевски како бегалец ги ужива сите привилегии, а сличен на него бил и Сифреди, кого пак во Унгарија од Италија го привлекла неговата убава сопруга, а не бегството од затворската казна.

 На Фејсбук страницата е објавено дека на забавата присуствувале претставници на компании и поканети гости.

Роко Сифреди пред четири години најави дека ќе се повлече од порно-индустријата бидејќи се плаши дека ќе ја загуби сопругата. Тој кариерата ја почна во 80-тите и зад себе има над 1.500 порно проекти, како актер и режисер.

Слични содржини