Група тешко вооружени мажи без идентификација стражарат пред Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Жителите на Вашингтон се повеќе се плашат од ненадејното присуство на неозначени и вооружени лица кои се на улиците на американската престолнина.

Тие не сакаат да се претстават, како на новинарите, така и на граѓаните. Бројни снимки кружат на социјалните мрежи од овие мистериозни и тешко вооружени лица кои не сакаат да кажат на која владина агенција припаѓаат.

Анонимноста на оваа група доведе до тоа многумина да ги карактеризираат како вооружени платеници, наместо членови на американската влада.

Некои објавувања на жителите на Вашингтон на социјалните медиуми сугерираат дека градот е под окупација.

Едно од прикачените видеа покажува група мажи кои, без идентификација, го чуваат влезот во Белата куќа.

„Одбија да ни кажат кој ги испратил “, се наведува во описот на видеото.

Меѓутоа, барем некои од нив се одговорни за спречување немири во затворите. Сојузното биро за затвори на САД го потврди ова и соопшти дека тие не носат легитимации затоа што учествуваат во „поширока акција“.

Демонстрантите се плашат дека некој од „неидентификуваните“ би можел да повреди некого од нив, без можност подоцна да утврдат кој го сторил тоа.

Тие не се појавија само во Вашингтон, со оглед дека беа забележани и на улиците на Филаделфија.

„Како воопшто можеме да знаеме дека тој навистина е полицаец“, се прашуваат демонстрантите.

Слични содржини