Грузијци се обиделе да прошверцуваат 70 парфеми од Македонија во Србија

од Nikola Popovski

Српските цариници на преминот Прохор Пчињски со Македонија заплениле 70 оригинални парфеми од светски брендови, кои тројца грузиски државјани се обиделе да ги прошверцуваат, соопштено е денеска од српската Царина.

Во автомобил со француски регистарски таблички се пронајдени парфеми од марките „Гучи“, „Шанел“, „Прада“, „Блгари“ и „Бјурбери“ во вкупна вредност од околу 5.500 евра.

Грузијците прво им кажале на цариниците дека имаат само личен багаж, но кога биле пронајдени парфемите изјавиле дека се наменети како подароци на семејството и пријателите во Грузија.

Парфемите се привремено задржани до завршување на прекршочната постапка.

-Патниците можат да носат еден парфем и тоалетна вода како дел од личниот багаж, а повеќе од тоа мора да пријават, соопшти српската Царинска управа.

Слични содржини