ГТЦ се претвара во графити галерија

од Vladimir Zorba

Подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје се претвоти во галерија на графити, откако дваесетина млади уметници на неговите ѕидови ги нацртаа своите дела.

„Идејата овој дел од градот да стане галерија на отворено е на архитектот Филип Конески. Поставување на галеријата токму во овој простор, според иницијаторот, е повторното враќање на автобуската постојка во рамките на подземната сообраќајница, односно повторно заживување на ГТЦ. Штом чувме за оваа идеја на Конески веднаш стапивме во контакт со него и почнавме активности за реализација. Беше распишан јавен повик на кој беа одбрани дваесетина локални уметници. Од вчера тие заедно со координаторот Филип, дури и по дожд цртаат графити кои ќе останат современо визуелно обележје на Скопје“, велат од МКЦ за веб порталот Сакам да кажам.

Проектот под наслов „Градот убав“ го реализира Младинскиот културен центар (МКЦ), заедно со Град Скопје и ГТЦ. Галеријата ќе биде отворена утре во 20 часот.

Слични содржини