Ѓубрето им го оставија пред врата на Бранко Црвенковски и неговите состанари!

од desk4

Активистите на ,,Не биди ѓубре“,  во викенд акцијата направија несекојдневен подвиг,  откако исчистија еден  мал дел околу зградата во која се наоѓа канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, а собраното ѓубре му го оставија пред канцеларијата

Не успеаја се да исчистат затоа што како што велат,   околу овој станбен објект не е чистено откако е направен.

Откако ја завршија оваа викенд акција ,десетици црни големи вреќе полни со ѓубре, ги оставија пред скалите од каде што секојдневно влегуваат станарите, но и кадешто се наоѓа канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Тоа е порака за сите велат од оваа граѓанска организација.

Овие ктивисти организирани околу Ирена Ристиќ, неколку месеци со сопствен пример покажуваат како треба да работат комуналните претпријатија , градоначалниците, но и како да се однесуваат граѓаните, но резултатите се поразителни.

Слични содржини