Гугл нема повеќе да им дозволува на политичарите и на партиите рекламите да ги упатуваат на точно одредени целни групи на основа на претпоставките за политичките ставови на граѓаните.

Политичките партии и кандидати нема повеќе да можат да ги споредуваат сопствените бази на податоци со можните гласачи од базите на Гугл кои се прават врз основа на тоа што корисниците претражуваат.

Овие ограничувања ќе стапат на сила во Велика Британија за околу една недела, а потоа ќе бидат воведени и во другите делови од светот.

Сепак шефовите на рекламните кампањи и натаму ќе можат да таргетираат одредени корисници врз основа на години, пол и локации.

Гугл за разлика од Фејсбук планира да воведе мерки против очигледните измами во рекламите.
Марк Закерберг изјави дека неговата социјална мрежа нема да проверува дали објавите на политичките кандидати или партии се засновани на вистина или не.

Челниците на Твитер одлучија во целост да забранат политичко рекламирање.

Новата пракса на Гугл е некаде на средина, нема да се меша претерано, туку ќе реагира на очигледните обиди за дезинформација.

Врз основа на навиките на корисниците и она што го гледаат на Интернет, како што се вестите на веб сајтовите, Гугл претпоставува дали корисниците се политички лево или десно ориентирани.
Во САД, но и други земји како Велика Британија, политичарите имаат можност да ги таргетираат луѓето на основа на нивните политички преференции.

Но во другите земји беше можно од политичките партии на Гугл да му се испратат листи на контакти на пример членови на партијата, а во оваа компанија потоа би ги споредила со корисниците на Гугл за огласите директно да се појавуваат кај лицата на кои партијата сака да им се обрати.

Ова веќе нема да биде дозволено.

Политичките партии како и другите огласувачи и натаму ќе можат како огласи да поставуваат одредени врсти на содржини како видео запис за фудбал или текст за економија, наведуваат од Гугл.

Се што ќе биде спротивно на правилата на Гугл ќе биде забележано во одделот за транспарентност.

Политичкото огласување е релативно мал дел од вкупните приходи на Гугл од огласи кои во 2018 година изнесуваа 116 милијарди долари.

Слични содржини