Ѓукановиќ: Големото враќање на пријателите, силна порака од Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оцени дека силната порака е изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека членот 5 од договорот за основање на НАТО е света обврска.

„Големо враќање на пријателите, партнерите и сојузниците. Силна порака на претседателот Бајден: Посветеноста на САД кон членот 5 е цврста и непоколеблива. Тоа е света обврска“, напиша Ѓукановиќ на својот профил на Твитер.

Бајден на самитот на НАТО во Брисел вчера рече дека Алијансата е од клучно значење за американските интереси и рече дека сака Европа да знае дека Соединетите држави се со неа.

„Членот 5 е света обврска“, рече Бајден, посочувајќи на одредбата од основачкиот договор на НАТО што ги обврзува сите членки да дојдат на помош и да возвратат доколку некоја земја во Алијансата е цел на вооружен напад.

Слични содржини