Ѓукановиќ и Санчез: Единствен добар избор за Балканот е европската перспектива

од Берта Китинска

Единствениот добар избор за Западен Балкан е европската перспектива, изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по средбата со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, кој е во официјална посета на Црна Гора, пренесува агенцијата Анадолија.

Ѓукановиќ рече дека првата посета на премиерот на Шпанија на Црна Гора е историски настан.

„Ние сме му благодарни на премиерот на Шпанија Санчез. Пред 110 години, во Цетиње беше отворена првата воена амбасада на Кралството Шпанија во Црна Гора. Денеска имаме најава дека шпанската амбасада во Белград ќе отвори своја канцеларија во Подгорица, на ниво на вршител на должност. Сметаме дека ова е првиот чекор кон издигнување на тоа претставништво на амбасадорско ниво“, рече првиот човек на Црна Гора и посочи дека со Санчез имал две рунди разговори.

Мир и стабилност

„Внимателно ја анализиравме ситуацијата во Западен Балкан. Се согласивме дека единствениот добар избор за Западен Балкан е европската перспектива. Дека тоа не е во интерес само на нашиот регион, туку и на Европа во целина“, рече претседателот на Црна Гора.

Приемот на земјите од Западен Балкан, посочи Ѓукановиќ, е најдобрата можна геополитичка инвестиција на ЕУ во мирот и стабилноста на европскиот континент.

„Се согласивме дека Црна Гора е во најдобра позиција дополнително да ги искористи дополнителните отворени врати на ЕУ по трагичното искуство на Европа со руската агресија врз Украина“, нагласи Ѓукановиќ.

Кога станува збор за членството на Црна Гора во ЕУ, Ѓукановиќ повтори дека не очекува никакви отстапки.

Слични содржини