Ѓукановиќ ќе биде испрашуван од Специјалното јавно обвинителство поради „Пандора документите“

од Vladimir Zorba

„Пандора документите“, во кои се споменуваат актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо во врска со финансискиот бизнис во даночните раеви, се уште се во центарот на вниманието на медиумите во Подгорица.

Додека истражувачката мрежа МАНС, која учествуваше во истрагата за меѓународна финансиска измама со неколку други светски организации, тврди дека Специјалниот државен обвинител нема да стори ништо околу тоа, Миливоје Катниќ тврди дека Мило Ѓукановиќ ќе биде испрашуван, врз основа на што случајот ќе биде отфрлен или ќе биде спроведено истрага.

„Ако се утврди дека постои, во Англија, Швајцарија или на друга локација, ќе донесеме одлука врз основа на тоа. Ако има основани сомневања, тој ќе се третира како и секој друг граѓанин, ќе побараме укинување на имунитетот“, рече Катниќ.

Катниќ рече дека тие доставиле писмо до Ѓукановиќ во врска со тоа, и тој рече дека ќе побара и изјава од својот син.

Слични содржини