Ѓукановиќ најави воведување на законот Магнитски во Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, најави дека ќе учествува во иницијативата за донесување на законот Магнитски во Црна Гора во блиска иднина.

Тој на Твитер објави дека ја примил иницијативата од Бил Браудер, иницијаторот на глобалната акција за воведување на законот Магнитски и дека ќе учествува во него „со задоволство и во согласност со уставните овластувања и политичкиот авторитет“.

„Идејата и начинот на борба за зачувување на споменот на господинот Магнитски, а особено вредностите што тој ги претставуваше, се многу блиски со Црна Гора и со мене лично, и ние целосно ги споделуваме“, рече Ѓукановиќ.

Законот на Магнитски е донесен во САД во 2012 година. Законот првично воспоставуваше лични санкции за руските граѓани кои според мислењето на американските власти ги кршат човековите права. Руските власти постојано изјавуваат дека е недопуштена политизацијата на случајот со смртта на адвокатот Сергеј Магнитски.

Подоцна, документот доби статус на глобален закон, што значи дека може да се воведат санкции против сите земји чии граѓани, според мислењето на САД, ги кршат човековите права.

Од првиот Закон Магнитски, донесен во САД, ваков закон е донесен во уште осум земји и територии, вклучувајќи ги Канада, Велика Британија и балтичките земји, како и на ниво на ЕУ.

Слични содржини