Ѓукановиќ: Не исклучувам сценарио за војна во БиХ

од Vladimir Zorba

Национализмите кои доведоа до војната во раните 90-ти години не беа закопани со Дејтонскиот договор, а националистите продолжија да ги негуваат истите идеи како во тие години, користејќи ги слабостите на меѓународната заедница, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

На прашањето дали мисли дека повторно е можна војна во Босна и Херцеговина, тој одговори дека „нема да исклучи никакво сценарио“.

„Национализмот, како и во 1990-тите, го еродира регионот и имаме на сила сериозна провокација на мирот. Опасно е што Европската унија и НАТО оставија една соба во својата куќа (Западен Балкан) на другите“, изјави Ѓукановиќ за Сити телевизија на 5 ноември, додавајќи дека се пропуштени 26 години од Дејтонскиот договор за да се обезбедат предуслови за функционална Босна и Херцеговина.

„Направени се бројни компромиси на штета на Босна, во корист на силниот национализам“, рече Ѓукановиќ.

Според него, НАТО и Европската Унија мора посилно да го бранат Западен Балкан од малигните влијанија од оние политики „кои сакаат хаос и ги загрозуваат вредностите на НАТО“.

Ѓукановиќ предупреди дека го зајакнал деструктивниот потенцијал на Русија.

„Деструктивната политика на Русија се прошири на Западен Балкан и ја сврте својата деструктивна острица кон Европа. Таа води војна против европското единство, додека западните партнери се бавеа со својата беда“, нагласи Ѓукановиќ.

Тој оцени дека Русија има две бази на Западен Балкан – Србија и Република Српска, каде преку медиумите и финансиите се обидува да го „затруе медиумскиот простор и да го задуши секој слободен глас“.

Според него, дејствувањето на руските геополитички интереси и големосрпскиот национализам е зголемено.

„Големосрпскиот национализам во делувањето кон Црна Гора трае во различни форми и нивната политика го загрозува суверенитетот на нејзините соседи. Улогата на Српската православна црква како најмоќен инструмент на прекуграничната политика на големосрпскиот национализам е погубна и сето тоа се совпаѓа со геополитичките интереси на Русија“, рече Ѓукановиќ.

Според него големосрпскиот национализам ја нападнал Црна Гора.

„Меѓутоа, големосрпските националисти скршија заби во Црна Гора во последната година и ќе продолжат да ги кршат“, рече Ѓукановиќ.

Слични содржини