Ѓукановиќ: Очекувам посилен ангажман на ЕУ на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

На самитот на земјите од Западен Балкан што се одржа денеска во Тирана, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ зборуваше за ангажманот на Европската унија во регионот и истакна дека очекува во наредниот период да се зајакне влијанието на ЕУ во овој дел од Европа.

Ѓукановиќ исто така рече дека европската перспектива на регионот е реална и предвидлива.

„Западен Балкан е сведок на подигнување на вниманието на Европската унија, што е ветувачка порака дека европската перспектива на регионот е реална и предвидлива“, рече црногорскиот претседател.

На самитот на шест од Западен Балкан, што се одржа денес во Тирана на покана на премиерот на Албанија, Еди Рама, Ѓукановиќ посочи дека зголемената фреквенција на состаноци на највисоко ниво во регионот со учество на високо ЕУ претставниците е очигледна.

„Очекувам понатамошен зголемен ангажман на ЕУ во нашиот регион, што е многу охрабрувачко за европските аспирации на Црна Гора“, додаде Ѓукановиќ.

Истакна дека се разговарало за геополитичкиот аспект и реализацијата на економско-инвестицискиот план, кој пред околу една година го презентираше еврокомесарот Оливер Вархеји.

Слични содржини