Ѓукановиќ: Предлогот на Балканот да се прецртаат границите е задолжителен влез во војна

од Stefanija Kuzmanovska

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вели дека проценката дека Црна Гора е „изгорена земја“ е политичка реторика што ја користи новата влада.

– Новата влада нема визија што да прави понатаму. Зборуваме за Владата, која е на функција веќе пет месеци и дека може да подготви барем буџет. Да не спомнувам дека мораше да се изготви документ за стратешка визија. Кога ќе ја слушнам проценката за „изгорена земја“, се плашам дека тоа е проекција што ја има новата влада. Станува збор за идејата Црна Гора да биде „изгорена земја“ – вели Ѓукановиќ.

Тој во Вила Горица по доделувањето на годишните награди на Стопанската комора за новинарите изјави дека „нон-пејперот“, со кој се предвидува прекројување на границите на Балканот, не е изненадување за него.

– Запомнете, овие идеи живеат цело време. Ниту ова не е невообичаено низ историјата. Кој и да е авторот, ова е злобно четиво. Можел да го напише некој што сака војна. Предлагањето на Балканот да се прецртаат границите е задолжителен влез во војна и се надевам дека има доволно адреси во регионот и меѓународната заедница кои нема да дозволат да заглавиме во веќе искусеното сценарио – вели Ѓукановиќ.

Слични содржини