Ѓукановиќ: Црна Гора е со Македонија, заедно до членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го поздрави патот на Македонија кон ЕУ.

-Лидерство и храбри одлуки за македонската и нашата заедничка иднина во Европската Унија.
Црна Гора е со вас. Заедно во преговори до членство во европското семејство, објави Ѓукановиќ на Твитер, споделувајќи видео од вчерашната посета на земјава од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој дојде да изрази поддршка за францускиот предлог, кој треба да стане новата преговарачка рамка за влез во ЕУ.

Вчера Мишел од Скопје истакна дека долго одложуваните преговори за прием на Северна Македонија во Европската унија може да започнат, oткако ќе биде прифатен францускиот предлог.

„Заедно сме на работ на можен пробив во процесот на пристапување на вашата земја во ЕУ“, рече Мишел на прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини