Ѓукановиќ: Верувам дека умното раководство во Скопје и новото раководство во Софија ќе најдат одговор на недоразбирањата

од Vladimir Zorba

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во вчерашното интервју за ТВ21 во рамки на Преспа форумот истакна дека без одложување Европската Унија треба да ги започне процесите на преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Апсолутно мислам дека умното раководство во Скопје и верувам новото раководство по конституирањето во Софија низ процес ќе дојдат до одговор на некои прашања кои сега ги зајакнаа недоразбирањата, но мислам дека не чекајќи на тоа, без одложување Европската Унија треба да ги започне процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија“, порача Ѓукановиќ.

Слични содржини