Гундоган: Не смееме да грешиме, бидејќи Ливерпул ќе не казни

од Vladimir Zorba

Очите во Англија веќе се вперени кон големиот натпревар в недела, кој може да биде решавачки за титулата. Манчестер Сити му гостува на Ливерпул во пресметка на врвот. Само еден бод ги дели двете екипи кои одржуваат неверојатно темпо оваа сезона на сите турнири.

Играчот од средниот ред на „граѓаните“ Илкај Гундоган ги предупреди своите соиграчи дека „црвените“ ќе ги казнат сите грешки што ќе ги направат. „Ливерпул е меѓу најдобрите тимови во светот. Тие се во неверојатна форма и не очекува тежок натпревар“, споделија германските репрезентативци.

„Тоа ќе биде натпревар на високо ниво и не смееме да грешиме. Тие се многу ефикасни во контранапад. Ние сме тим кој сака да игра со топка. Ако погрешиме, можат да не казнат. Мора да бидеме внимателни“, додаде Гундоган.

Слични содржини