Гундоган се закани: Сити е подготвен да го порази Ливерпул на „Енфилд“

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити е подобро подготвен во споредба со Ливерпул пред судирот помеѓу двата тима во четвртфиналето во Лигата на шампионите, изјави играчот за врска на „небесносините“ Илкај Гундоган. Претходно во сезоната, „црвените“ го поразија Сити со 4:3 во натпревар во англиското првенство, и ова е единствениот пораз за Манчестер Сити во Премиер Лигата.

Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Садио Мане постигнаа 75 гола на сите турнири за тимот од Мерсисајд во текот на сезоната.

„Има голема почит, бидејќи тројцата реализирале бројни голови во сите натпреварувања во оваа кампања, а и направија голем број подавања. Ливерпул беше единствениот тим кој беше способен да не победи, иако во тој дуел ние се претставивме доста силно. Овој натпревар на “Енфилд” доаѓа со голема мотивација за нас. Ние сакаме да си заминеме со многу добар резултат и да доминираме во дуелот пред наша публика. Го сакаме токму тоа и можеме да го направиме тоа, бидејќи сме подготвени исклучително добро. Целта ни е да преминеме во наредниот круг“, прокоментира германскиот репрезентативец Гундоган кој работеше четири години под водство на Јирген Клоп во Борусија Дортмунд.

Клоп моментално е на чело на Ливерпул, а првиот меч помеѓу нив е во средата вечер.

„Јирген е извонреден тренер. Способен е да го мотивира тимот предводен од него тим за секој натпревар. Го докажува сето ова и во Ливерпул. Во нападот се многу силни, нема да ни биде лесно против нив“, рече уште Илкај Гундоган.

Слични содржини