Ѓуров: САД ќе притиска за брзо решение на спорот помеѓу Бугарија и С.Македонија

Поранешниот шеф на бугарската Национална разознавачка служба, Димо Ѓуров, смета дека САД ќе изврши притисок за брзо решение на спорот помеѓу Бугарија и С.Македонија.

Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

„Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија“, посочи Ѓуров.

Слични содржини