Ѓуровски: Кога политичките партии не направија декриминализација, ветинг и департизација – тоа ќе го направат партнерите од НАТО

од Vladimir Zorba

Ги слушам прес конференциите на опозицијата и власта за НАТО безбедносните сертификати. Најдобро ќе биде политичките партии да ги тргнат рацете од одбраната и безбедноста, зошто ќе си ги изгорат прстите.

Двете македонски политички партии како и албанските во изминатите 29 години кумуваат на партизацијата и политизацијата на одбранбено-безбедносниот систем. Можеби е време за јасни правила на игра и работа во Воената служба за безбедност и разузнавање, како и регулирање на партиското ангажирање на офицери и професионални војници.

Додека дојде некоја ТВ дебата треба да се знае дека за НАТО Сертификатите нема место за политички мегдан. Се што имавте политичките партии кажавте, сега Брисел зборува, вие има да замолчите и слушате и партиските активисти да си ги соберете зошто конечно нема место за нашите и вашите.

Кога Вие досега не направивте декриминализација, ветинг и департизација – тоа ќе го направат партнерите од НАТО.

ФБ статус на професот Марјан Ѓуровски

Слични содржини