Ѓуровски: Отвореното македонско црковно прашање ги обременува македонско-српските односи

од Берта Китинска

Денеска германската фондација Конрад Аденауер и Центарот за надворешна политика од Белград  организираат он-лајн конференција на тема  „Северна Македонија и Србија: европските и регионални безбедносни аспекти на билатералните односи на Северна низ призмата на безбедносна архитектура на Југоисточна Европа”  што се одржи денес 19 октомври од 12 часот до 14 часот по пат на примена на средствата за електронска комуникација меѓу Скопје и Белград.

Со соговорниците од Северна Македонија и Србија, се  дебатираа и анализираа односите меѓу овие две земји преку анализи и размена на идеи за идниот развој на билатералните односи во контекст на европските интеграции и безбедносните аспекти на Северна Македонија и Србија.

„Генерално освен проблемот со непризнавањето на МПЦ од страна на СПЦ и делумно нашиот однос со Косово, помеѓу двете земји нема отворени прашања и несогласувања меѓу Белград и Србија, напротив има голема зближеност на граѓаните. Македонското црковно прашање е гнедла во грлото на македонско српските односи„ порача Ѓуровски.

Тој нагласи „Имајќи ја во предвид позицијата на српскиот претседател Александар Вучиќ  и влијанието врз Српската патријаршија, може овој црковен спор преку политичко влијание на Вучиќ да се реши по пат на потикнување на дијалог и прифаќање на македонската црковна афтокефалност како непобитен факт и дел од секојдневниот православен свет како жива црква. Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара став од  СПЦ и сега треба да се искористи времето за решавање на црковниот спор. Верувам дека враќањето и прифаќањето во редовите на МПЦ на владиката Јован Вранишковски е еден од првите чекори на заедничко прифатливо решение„.

Според ставот на професорот Ѓуровски  „Најмоќната земја во Западниот Балкан, Србија, е во преговори се ЕУ, но нема намера да стане членка на НАТО затоа што се смета за неутрална, а перманентно се наоружува повеќе од Исток, Русија, отколку од Запад.  Ова недефинирана позиција ги држи во латентна неизвесност што сама по себе значи ризик. Отсуството на Србија од овој концепт, преку одбивањето да биде членка на НАТО, но и преку перманентно оставање на вратата отворена спрема Русија и НР Кина, иако формално ги има започнато преговорите со ЕУ, го става во знак прашање европскиот концепт за безбедноста на регионот. Вториот предизвик е како овие земји ќе се справат со надворешните центри на влијание, кои имаат тенденции да го пополнат празниот простор кој се создава„.

Универзитетскиот професор Ѓуровски нагласи дека денес најважно е враќањето на САД на Балканот и нивниот однос кон отворените прашања. САД имаат комплексна политика кон Балканот и денес тие немаат ексклузивен сојузник во овој дел од регионот. Тоа е многу битно за да не се наруши регионалниот баланс. Ниту еден проблем на Балканот не ќе беше решен во последните три децении, ако не беа синхронизирани САД и Европа”, смета Ѓуровски, Тој заклучи дека сме сведоци сме како преку примена на стратегијата на „софт пауер“ се манифестира блага моќ на новите државни актери , со која се употребуваат методи за искористување на можностите за влијание надвор од политичката сфера, наспроти класичната надворешна политика.

Од Скопје меѓу другите говореа и поранешниот македонски премиер Емил Димитриев, универзитетскиот професор и Симонида Кацарска од невладиниот сектор. Од друга страна од Белград ќе говорат професорот Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки, Сузана Грубелиќ екс вицепремиер за европски прашања на Србија и Стефан Бошковиќ од невладиниот сектор. Конференцијата ја отворија директорите на Фондацијата „Конрад Аденауер„ од Белград и Скопје Норберт Бекман Диркен и Даниел Браун.

Заради својата местоположба Република Србија претставува стратешка раскрсница која го спојува европскиот континент со земјите од Блискиот исток, односно Средна со Југоисточна Европа, ова овозможува Србија да има стабилно-растечката економија и истовремено да биде значаен фактор во регионот на Балканот, како на економски, така и на политички план е заклучок на конференцијата за македонско српските билатерални односи.

Слични содржини