Гутереш: Ако големите емитери на штетни гасови не успеат, тогаш ништо нема да успее

од Maja Serafimova

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска на климатскиот самит на Обединетите нации ги охрабри големите светски економии да се обврзат на поамбициозна наклонетост за намалување на емисијата на стакленички гасови.

– Големите емитери треба да разберат дека нивната улога е од суштинска важност, затоа што ако тие не успеат, ништо нема да успее. Ако продолжиме како сега, осудени сме на пропаст, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН го поздрави потегот на Европската унија за усвојување нов „Европски зелен договор“ за преминување на економијата кон ниско ниво на јаглерод.

– Секогаш е важно некој да почне, рече Гутереш.

Според него, ако Европа го направи тоа, тогаш тоа ќе биде важен придонес и другите да размислат за таква посветеност.

– Ако никој не почне, тогаш нема шанси, истакна Гутереш.

Слични содржини