Гутереш бара да се донесе „воен план“ за пандемијата

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во вторникот ги повика лидерите на Г-20 на најголемите светски индустриски нации да усвојат „воен план“, во кој се вклучени повеќе милијарди долари пакет економски стимул за земјите во развој.

Планот ќе биде насочен кон деловните субјекти, работниците и домаќинствата во земјите во развој кои се борат со пандемијата од коронавирус, пренесува АП.

Гутереш во писмото до лидерите на Г20 вели дека нивните земји учествуваат со 85 проценти од бруто домашниот производ во светот (БДП) и дека тие имаат „директен интерес и клучна улога во помагање на земјите во развој да се справат со кризата“.

„Сè помалку од исполнување на оваа обврска, ќе доведе до пандемија од апокалиптични размери, што ќе влијае на сите нас“, предупреди тој, повикувајќи на „јасно отфрлање на протекционизмот“.

Слични содржини