Гутереш: Да се избегне нова Студена војна меѓу Америка и Кина

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на избегнување на „нова студена војна“ меѓу САД и Кина.

Во своето обраќање за време на сесијата на Генералното собрание на ОН, тој изјави дека на светот му треба глобално примирје и крај на сите конфликти.

„Ние се движиме во многу опасна насока. Нашиот свет не може да си дозволи иднина во која двете најголеми економии ја делат планетата, секоја со свои трговски и финансиски правила и капацитет на Интернет и вештачка интелигенција“, рече Гутереш.

Гутереш предупреди дека постои ризик технолошката и економската поделба да се претвори во геостратешка и воена и дека такво нешто мора да се избегне по секоја цена, јави ТАСС.

Генералниот секретар на ОН ги осуди напорите на некои земји да ја добијат вакцината против коронавирусот само за свои потреби, нагласувајќи дека ОН работи на подобрување на третманот и терапиите за општо добро и да ги поддржи напорите вакцината да биде достапна ширум светот.

Слични содржини