Гутереш: Украинскиот народ „минува низ вистински пекол“

од Milan1

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на „апсурдната војна” во Украина, предупредувајќи дека конфликтот „не води никаде”, а украинскиот народ „минува низ вистински пекол”.

– Продолжувањето на војната во Украина е морално неприфатливо, политички неодбранливо и воено бесмислено. Дури и да падне Мариупол, на Украина не може да и се освојува град по град, улица по улица, куќа по куќа. Таа војна не може да се добие. Порано или подоцна, ќе мора да се префрлиме од бојното поле на преговарачка маса, изјави Гутереш пред новинарите во Њујорк, додавајќи дека „е време да се прекине таа апсурдна војна”.

Тој истакна дека речиси десет милиони Украинци ги напуштиле своите домови и предупреди дека последиците од војната се чувствуваат низ светот поради „вртоглавиот пораст на цените на храната, енергијата и вештачките ѓубрива, што се заканува да ескалира во глобална криза со глад”.

Слични содржини