Гутереш: Во тек е трета евакуација на цивили од „Азовстал“

од Nikola Popovski

Заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс најави почеток на уште една евакуација на цивили од Мариупол и „Азовстал“.

„Денеска ја започнавме третата операција со цел дополнителна евакуација на цивили од Мариупол и „Азовстал“. Нема да зборувам повеќе за тоа додека операцијата не заврши“, рече Грифитс на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Претходно руските вооружени сили најавија дека на 5, 6 и 7 мај ќе отворат хуманитарен коридор за евакуација на цивили од територијата на металуршкиот комбинат Азовстал во Мариупол.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска соопшти дека во тек е третата евакуација на цивили од украинскиот пристанишен град Мариупол и од опколената челичарница Азовстал.

Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) им помогнаа на речиси 500 цивили да ја напуштат областа во текот на изминатата недела.

Слични содржини