Гутереш: За сите е подобро што поскоро да заврши војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повтори апелот за прекин на конфликтот и продолжување на преговорите, како и за непречен пристап до хуманитарна помош во војната во Украина, која започна пред 100 дена.

„Го повторувам мојот повик за итен прекин на насилството, за непречен пристап до хуманитарна помош за сите на кои им е потребна, за безбедна евакуација на цивилите заробени во борбените области и за итна заштита на населението и почитување на човековите права во согласност со со меѓународните норми“, рече Гутереш во петокот.

Генералниот секретар на Обединетите нации нагласи дека е подобро за Украина, Русија и за целиот свет конфликтните страни да се вклучат во дипломатски напори и добра волја за што побрзо завршување на војната.

Слични содржини