Актуелно
Почетна / TOP NEWS / ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК БЕСЕН: „Полицијата и градоначалникот не ја завршија работата, 13.000 припадници на Националната гарда се подготвени да интервенираат“

ГУВЕРНЕРОТ НА ЊУЈОРК БЕСЕН: „Полицијата и градоначалникот не ја завршија работата, 13.000 припадници на Националната гарда се подготвени да интервенираат“

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека полицијата во Њујорк не успеала да спречи грабежи и други криминални активности за време на синоќешните протести.

Куомо го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција за неговиот лош одговор на протестите низ САД. Тој рече дека ја користи својата позиција за да се фокусира на разбојниците, и така „да не треба да зборува за убиството на Џорџ Флојд“.

Гувернерот рече дека полицијата во Њујорк, во која се вработени 38 000 луѓе, треба да распореди поголеми сили за да се спречат грабежите и вандализмот. Според него, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, не го разбрал обемот на протестот, чиј предизвикувач е смртта на невооружениот Флојд за време на насилното апсење во Минеаполис минатиот викенд.

– Полицијата и градоначалникот не си ја завршија работата синоќа – беше остар Куомо кој и порано бил во судир со Де Бласио

– Мислам дека градоначалникот го потценува обемот на проблемот – рече гувернерот на Њујорк и додаде дека е лут затоа што разбојниците најчесто не биле запрени од полицијата.

Според него, 13.000 припадници на Националната гарда се подготвени да интервенираат.

– Тоа синоќа беше немилосрден грабеж низ градот што полицијата не го запре, а тоа е нивна работа. Тоа не беше во ред – рече Куомо.

Гувернерот посочи дека Доналд Трамп се обидува да ја замагли разликата помеѓу легитимните демонстранти и оние кои се занимаваат со криминални активности.

„Тој сака да каже дека сите се арамии“, рече Куомо, додавајќи дека тоа било политички спин на Трамп.

За потсетување, Трамп ги критикуваше гувернерите дека не го прифатиле неговиот план за распоредување на американската армија со цел да се задушат насилните протести. Петмина полицајци беа ранети со огнено оружје неколку часа пред соопштението на Трамп за можно испраќање на армијата – четворица во Сент Луис и еден во Лас Вегас.

Демонстрантите синоќа, седмиот ден на протести во Соединетите држави, уништија излози и ограбија продавници во Њујорк и запалија оган во трговски центар во Лос Анџелес.

– Њујорк е превземен од разбојници, крадци, радикалната левица и сите други форми на мизерен живот и ѓубриња. Гувернерот ја одби мојата помош во форма на доминантна Национална гарда. Њујорк се распадна на парчиња – напиша Трамп на Твитер.

loading...