Гувернерот на Њујорк до Трамп: Американската војска против американските граѓани – благодарам, но не треба

од Nikola Popovski

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјавил „Благодарам, но не треба“ на заканата на претседателот Доналд Трамп дека ќе ја мобилизира армијата против немирите што се случија по смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој беше задушен од страна на полициски службеник.

„Претседателот се обидува да ја прекрои реалноста, рече Куомо, додавајќи дека дури и во Вашингтон има луѓе на улиците кои протестираат.

„Ова се мирни протести. „Претежно се млади луѓе, белци, кои се навредени од она што го видоа кога беше убиен Флојд, што и треба да бидат“, изјавил Куомо за Си-Ен-Ен.

Куомо инсистира на тоа дека ова се спорадични случаи на деструктивно однесување и дека тие сочинуваат мала бројка на демонстранти.

„Не можеме да толерираме криминални активности и тие мора да бидат законски санкционирани, но разбојниците се измешале со демонстрантите. Сепак, она што го направи претседателот денеска е повик на американската војска против американски граѓани, рекол Куомо.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе испрати војската за да ги задуши протестите после смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што денеска влегоа во нивниот седми ден.

Трамп изјавил дека ако градовите и државите не ги контролираат протестите, тој ќе ја распореди армијата и ќе го реши проблемот брзо.

Слични содржини