Гувернерот на регионот Курск: Украинската армија употреби касетни бомби при напад

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Гувернерот на регионот Курск во Русија денеска ја обвини украинската армија дека употребила касетни бомби во нападот на градот Рилск и дека е ранет еден цивил.

„Пограничниот град Рилск беше под оган од касетни бомби од Украина“, напиша Роман Старовоит на Телеграм.

Тој изјави дека една жена е повредена од шрапнели и е пренесена во болница.

Во јули, Вашингтон објави дека украинската армија почнала да користи оружје со касетна муниција испорачана на Украина од Соединетите Американски Држави.

Поддржувачите на меѓународниот договор за забрана на касетна муниција ја критикуваа одлуката на САД да ѝ достават такво оружје на Украина за нејзината борба против Русија како „несовесна“ на почетокот на септември.

Слични содржини