Гужва на покривот на светот

од Milan1
58 прегледи

Непал ќе издава дозволи за искачување на Монт Еверест само на алпинисти кои веќе се искачиле на барем еден врв од 7.000 метри во земјата, според предложениот нов закон чија цел е намалување на бројот на регистрирани алпинисти и подобрување на безбедноста.

Непал, чија економија во голема мера зависи од планинарењето и туризмот, е критикуван затоа што им дозволува на премногу алпинисти, вклучително и неискусни, да се обидат да се искачат на Еверест висок 8.849 метри, објави „Ројтерс“.

Град замрзнат во времето

Ова често води до долги редици алпинисти во „зоната на смртта“ во подножјето на врвот, каде што нема доволно природен кислород, и доведе до зголемување на бројот на смртни случаи на алпинисти.

Најмалку 12 од нив го загубија животот, а уште петмина исчезнаа на падините на Еверест во 2023 година, кога Непал издаде 478 дозволи за алпинисти.

Новиот закон, исто така, предлага планински водичи да можат да бидат само непалски државјани.

Чистач на рајска плажа

Сепак, некои оператори кои организираат меѓународни експедиции го повикаа Непал да ги олабави критериумите за издавање дозволи и да го признае освојувањето на планински врв висок 7.000 метри кој не се наоѓа во таа земја.

Тие исто така предложија планинските водичи да можат да бидат од други земји освен Непал.

Нацрт-законот е доставен до националното собрание, кое треба да гласа за него.

Слични содржини