Гвардиола доби негативен тест, ќе го води натпреварот во недела

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја откажа прес-конференцијата со Њукасл во текот на неделата како мерка на претпазливост, бидејќи му беше неодреден тестот за коронавирус.

Сепак, тој доби негативен тест во текот на вчеравечерта и на клупата на англискиот шампион ќе може да седне во недела на гостувањето на Ст. Џејмс Парк, каде домаќини ќе им бидат на популарните „страчки“.

Натпреварот помеѓу Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити е закажан за утре од 15 часот. Тоа ќе биде дуел на првиот и претпоследниот тим на табелата во Премиер лигата.

Засега е познато дека четири натпревари од Премиер лигата за денеска се одложени поради коронавирусот, а еден од утрешната програма.

Слични содржини