Гвардиола донесе нов стопер

од Nikola Popovski

Манчестер Јунајтед денеска го официјализираше доаѓањето на Антонио, додека од другата страна на градот, во просториите на Сити, Мануел Аканџи потпиша петгодишен договор со актуелниот шампион на Англија.

Аканџи дојде од Борусија Дортмунд, која за овој трансфер доби 17,5 милиони евра.

„Сити е еден од најдобрите европски тимови во последните години. Играат одличен фудбал, секоја година се натпреваруваат за трофеи. Ова е одличен потег во кариерата“, изјави стоперот.

За четири и пол години во дресот на „милионерите“ швајцарскиот репрезентативец одигра 158 натпревари. Тој го освои Купот на Германија во 2021 година и Суперкупот во 2019 година.

Кариерата ја започна во Винтертур, а играше и за Базел.

Слични содржини